Ким Кардашијан заработува повеќе од Инстаграм отколку од реалити шоуто

од Stefanija Kuzmanovska

Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, својата слава ја стекна преку реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, кое завршува по 14 години постоење.

„Никогаш не мислевме дека ќе снимиме втора сезона а снимавме 20. Потребна ни е пауза, едноставно е“, објасни Ким во едно интервју и неодамна му призна на Дејвид Летерман дека шоуто веќе не е нејзин примарен извор на приход.

Имено, старлетата призна дека заработува повеќе со еден спонзориран пост на социјалните мрежи, отколку од целата сезона на шоуто.

„Без шоуто, не би биле тоа што сме денес и затоа продолживме, но, реално, можеме да објавиме нешто на социјалните мрежи и да заработиме повеќе отколку од целата сезона“, рече Ким во таа пригода.

Според ТМЗ, кланот Кардашијан-Џенер потпишал договор за дополнителни пет сезони во 2017 година за 150 милиони долари.

Мајката и менаџер на моментално најпопуларните сестри, Крис Џенер откри дека заработката од шоуто е поделено на еднакви делови, а кога ќе одземете 10 проценти од заработката што Крис ја добива како менаџер, тоа значи дека секој член на семејството добива околу 4,5 милиони долари по сезона.

Ким оваа година беше рангирана на четвртото место меѓу најплатените инфлуенсери во светот, а на страницата „Hooper HQ“, која секоја година го објавува списокот, се наведува дека Ким заработува дури 858 илјади долари по спонзорирана објава. Судејќи според тие податоци, Ким не заработува иста сума пари на еден пост како што заработи во една сезона, но не е далеку од тоа.

Нејзината сестра Кајли заработува нешто помалку од милион долари на објава, а нејзината цена е 986 илјади долари.

Слични содржини