Кина ќе ни испрати 30 амбулантни возила

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Беким Сали одржа средба со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Зуо, кој според министерството за здравство, е докажан пријател на нашата земја, секогаш подготвен да даде поддршка во здравствениот систем на РСМ.

– На денешната средба разговаравме за забрзување на процесот за ИМП со 30 нови амбулантни возила, како поддршка и од страна на амбасадорот Зуо беше истакната заложбата за нивно што поскоро пристигнување. Во оваа прилика му се заблагодарив на амбасадорот Џанк Зуо и на народот на Народна Република Кина како наши големи поддржувачи во справувањето со ковид пандемијата, посочи министерот Сали. На средбата исто така беше договорено и зајакнување на кадарот во Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип, информираа од МЗ.

Слични содржини