Кинески експерти: Ако се вратиме на стариот систем на живот, би имале милиони мртви

од Nikola Popovski

Доколку се укинат мерките за заштита и претпазливост и се се врати на стариот систем на живот, би имало околу два милиони смртни случаи годишно во регионите кои сега го држат коронавирусот под контрола, како што е Кина, предупредуваат кинески научници.

Кинеските експерти за јавно здравје посочуваат дека е неопходно да се одржуваат строги контроли, како и дека ризиците од пренесување на вирусот се превисоки, па затоа масовното заразување би било неподнослив притисок врз здравствениот систем.

Научниците користеа студии од Чиле и Британија за да ја пресметаат „почетната ефективност“ на постоечките вакцини Коронавак во Чиле и Фајзер и АстраЗенека во Британија.

Тие проценуваат дека првичната ефективност на вакцината против инфекција со симптоматската болест Ковид-19 била 68,3 отсто. Во исто време, почетната ефикасност против смрт беше 86 проценти.

Но, дури и со глобална стапка на вакцинација од 95 проценти, ако мобилноста на населението се врати во 2019 година, кога немаше Ковид-19, кинеските научници проценуваат дека сите региони со сега нула стапка на заболување ќе забележат повеќе од 234 милиони инфекции во рок од една година.

Тоа би вклучило 64 милиони симптоматски случаи и два милиони смртни случаи.

Човечката раса треба да продолжи да развива вакцини и да истражува нови начини за подобрување на заштитата што ја обезбедуваат вакцините за елиминирање на Ковид-19 на глобално ниво, според кинеските научници во трудот објавен во билтенот на кинескиот центар за контрола и превенција на болести.

Научниците велат дека е поважно новите вакцини да бидат ефикасни против инфекција отколку против симптоматска болест или смрт.

Кина, во рамките на нулта толеранција кон Ковид-19, продолжува да затвора цели градови.

Слични содржини