Кисинџер: Членството на Украина во НАТО би ги задоволило интересите и на Киев и на Москва

од Stefanija Kuzmanovska

Членството на Украина во НАТО би ги задоволило интересите и на Киев и на Москва бидејќи ќе ја спречи Украина да употреби сила во идните територијални спорови, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за „Економист“.

„Сега Украина е најдобро вооружената земја во Европа со лидерство кое има најмалку стратешко искуство во Европа“, рече Кисинџер, пренесува ТАСС.

Угледниот американски дипломат смета дека на крајот на конфликтот Украина би можела да ги врати сите територии што ги загуби по 24 февруари 2022 година, освен Крим, кој, како што вели Кисинџер, ќе го задржи Русија.

Слични содржини