Кличко загрижен дали Украина ќе продолжи да постои

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко се запраша дали Украина ќе продолжи да постои.

На новинарско прашање на швајцарскиот портал „20 Minuten“ дали Кличко има политички амбиции во врска со функцијата претседател на Украина, градоначалникот на Киев изјави дека во овој момент „би било глупаво“ да се размислува за такво нешто.

„Денес се работи само за тоа дали Украина воопшто ќе продолжи да постои“, истакнал Кличко.

Тој додаде дека не е изненаден од падот на популарноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Луѓето гледаат кој е ефикасен, а кој не. Имаше и има многу очекувања. Зеленски плаќа за грешките што ги направи… Имаше премногу информации кои беа невистинити“, рече Кличко.

Слични содржини