Клоп: Мислам дека Симеоне не скока од радост што го добија Ливерпул за противник

од Aleksandar Petrovski

Тренерот на европскиот првак Ливерпул, Јирген Клоп, даде интересна изјава после ждрепката за осминафиналето од фудбалската Лига на шампионите, и претстојните мечеви на „црвените“ со Атлетико Мадрид.

Клоп со својот тим е во Катар, каде што ќе учествува на светското клупско првенство, а среќен е што на 18 февруари повторно Ливерпул ќе заигра на стадионот во Мадрид на кој на 1 јуни ја освоија титулата во ЛШ.

„Интересна ждрепка. Имав претчувство дека ќе играме со некој од мадридските клубови. Имаме прекрасни сеќавања од Мадрид, но сега ќе бидеме во улога на гости кај Атлетико. Ќе биде тешко, но мислам дека и господинот Симеоне не трча и скока од радост кога дозна дека треба да игра против нас“ – рече Клоп.

Слични содржини