Клоп не може да присуствува на погребот на неговата мајка

од Nikola Popovski

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нема да може да отпатува во Германија на погребот на неговата мајка Елизабета, која почина на 81-годишна возраст.

Германија неодамна ги засили мерките на границите по појавувањето на новиот вид на коронавирус, поради што на патниците од Велика Британија им беше забранет влез во земјата.

Клоп рече дека ќе организира збогување како што доликува кога ќе се создадат услови за тоа.

„Таа за мене беше сè на светот. Таа беше вистинска мајка, во најдобра смисла. Како некој што е верник, знам дека сега е на подобро место. Благодарение на ужасното време во кое живееме во моментов, нема да можам да присуствувам на погребот, но ќе се одржиме достоинствено збогување кога ќе дозволат условите“, рече Клоп.

Елизабет Клоп се омажи за Норберт Клоп во 1960 година и имаат три деца, Стефани, Изолда и најмалиот Јирген.

Постариот Клоп почина во 2000 година по кратко боледување, а Јирген претходно истакна дека му е жал што неговиот татко не видел што постигнал во фудбалот.

„Татко ми беше еден вид тренер. Ме втурна во кариерата со многу остри критики, но никогаш не виде што постигнав и тоа понекогаш е тешко за мене “, изјави Клоп.

Слични содржини