Клоп: Нè поддржува целата земја? Можеби Пеп знае повеќе од мене…

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп одржа прес-конференција пред натпреварот со Астон Вила во Бирмингем во вторник навечер во Премиер лигата.

Германскиот стручњак се осврна на различни теми, меѓу кои и зборовите на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола дека цела Англија го поддржува Ливерпул.

„Многу луѓе овде сакаат да ја освоиме титулата, но и овде во градот се само 50%. (се смее). На нас, менаџерите, после натпревар сме под силно влијание од натпреварите, од ситуациите. Тоа што го кажав по мечот со „мамузите“ (како критика), не би го кажал. Едноставно така се чувствував во моментот. Не знам што мислеше Пеп откако беа елиминирани од Лигата на шампионите и стигнавме до финалето. Игравме со Виљареал, тие играа со Реал Мадрид. Немам поим дали цела држава не поддржува. Можеби тој знае повеќе од мене“, посочи Клоп.

За титулата во ПЛ, вели дека лесно е да се опише ситуацијата на „црвените“.

„Ние ремизиравме, тие победија, мора да се земе предвид и гол разликата. Ние одлучуваме како да гледаме на тоа. Има некои факти, но јас се обидувам да им помогнам на момчињата да ја согледаат ситуацијата како мене“, истакна Германецот.

Слични содржини