Коалицијата „Сите за правично судење“ ќе ги презентира податоците од проектот „Системски мониторинг на кривични судски постапки“

Во рамки на проектот „Системски мониторинг на кривични судски постапки“, презентиран од Коалицијата „Сите за правично судење“ и финансиран од Отворено општество за сите, ќе бидат презентирани податоците од мониторингот кој се спроведе во текот на изминатата календарска година, и тоа во 14 судови во земјава.

Како што се најавува од страна на организаторите, по презентацијата на податоците од мониторингот на кривични судски постапки, свое излагање ќе имаат неколку судии, адвокати, како и јавниот обвинител.

Од Коалицијата информираат дека, проектот има за цел да ги поддржи судските реформи насочени кон целосно исполнување на критериумите поставени со Поглавјето 23 преку оценување на ефикасноста на кривичната правда во основните судови и следење на практичната имплементација на процесните гаранции поставени во Законот за кривичната постапка и меѓународно прифатените стандарди за фер и правично судење.

Слични содржини