Кога ВМРО-ДПМНЕ го обвинува својот потпретседател Муцунски да не го меша СДСМ, реагираат од Бихаќка

од Radmila Tasevska

„Обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека со сопружници се полни правосудството сметаме дека е дирекна порака до нивниот потпретседател Тимчо Муцунски“, велат од СДСМ во соопштението.

Тие посочија дека на ранг листата за генерација кандидати од Академијата на судии може да се прочита дека се наоѓа кандидатката за судијка Симона Муцунски-Бубевска, сопруга на Тимчо Муцунски, градоначалникот на Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Аако ВМРО-ДПМНЕ сака да му прати некаква порака на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, тоа нека го направат јавно и да не ја мешаат СДСМ“, додаваат од СДСМ во својата реакција.

Слични содржини