Почетна / Магазин / Наука и технологии / Кои модели на Sony ќе добијат Android 10 OS?

Кои модели на Sony ќе добијат Android 10 OS?

Sony на својот блог објави кои телефони ќе добијат надградба на Android 10.

Корисниците со Xperia 1 и Xperia 5 ќе започнат да добиваат ажурирања во декември, а оние со Xperia 10, 10 Plus, XZ2, XZ2 Compact, XZ2 Premium и XZ3 – на почетокот од 2020 година.

Јапонскиот телеком NTT DoCoMo пред еден месец објави список на паметни телефони што ги нуди или ги нудел и кои ќе бидат надградени на Android 10. Во него откриваме кои модели на Sony ќе ја добијат новата верзија на оперативниот систем. Ќе се ажурираат вкупно седум јапонски модели, вклучувајќи го и Xperia Ace, што е ексклузивен за операторот.

Android 10 ќе добијат и следниве уреди: Xperia XZ2, XZ2 Premium, XZ2 Compact, XZ3, Ace, 1 и 5. Отсуството на Xperia 10 и 10 Plus е забележително, но најверојатно се должи на фактот дека тие не се нудат од NTT DoCoMo.

loading...