Кој алкохолен пијалок е најмалку штетен за црниот дроб?

од Stefanija Kuzmanovska

Резултатите од истражувањето од 2019 година покажуваат дека алкохолот е главен фактор на ризик за заболувања на црниот дроб, особено цироза. Со овој факт се согласуваат многу лекари и нутриционисти, кои ги охрабруваат оние кои уживаат во пиењето да ја намалат количината на алкохол која ја консумираат на минимум, пишува The Healthy.

„Умерениот внес на алкохол е во ред, но премногу алкохол од кој било вид придонесува за заболувања на црниот дроб и цироза“, вели д-р Мелиса Прест.

„Жените треба да пијат само една чаша дневно, додека на мажите им се дозволени две“, додава таа.

Исто така, постојат многу студии кои покажуваат дека секој алкохол може да ги зголеми компликациите поврзани со црниот дроб. Тешко е да се знае ризикот од алкохол ако имате друга болест на овој орган како што е замастен црн дроб или вирусен хепатитис.

Сепак, д-р Ненси Реа вели дека иако целосното откажување од алкохолот не е практично, постои еден пијалок кој е најдобриот избор за вашиот црн дроб и најмалку штетен.

„Доколку имате здрав црн дроб, црвеното вино е докажано дека има антиоксиданси и може да влијае на здравјето на црниот дроб. Се разбира, конзумирањето треба да биде умерено“, порачала докторката.

Слични содржини