Кој е убиениот Крег Робертсон? ФБИ откри закани кон Бајден од неговиот Фејсбук профил

од Nikola Popovski

Жителот на Јута, Крег Робертсон бил усмртен во средата за време на рација на ФБИ. Официјални лица велат дека човекот упатувал бројни закани до американскиот претседател Џо Бајден и други американски политичари.

Федерални извори за „Fox News“ соопштиле дека Робертсон бил убиен околу 6:15 часот по локално време во средата. Извор од органите за спроведување на законот информирале за телевизијата дека Робертсон бил вооружен.

Бајден слетал во Солт Лејк Сити во средата попладне на закажана државна посета.

Робертсон е обвинет за меѓудржавни закани, влијание, опструкција и одмазда против федералните службеници за спроведување на законот со закани кон претседателот, се наведува федералната жалба поднесена во понеделникот.

Обвинителите тврдат дека Робертсон го објавил следново на социјалните мрежи во понеделникот: „Слушнав дека Бајден доаѓа во Јута. Го вадам мојот стар костум и ја бришам прашината од снајперската пушка М24. Добредојде шашав!“

Тој ова го напишал на неговиот профил на Фејсбук, кој повеќе не постои. Робертсон бил женет двапати и има три деца. Се развел во 1986 година и повторно се оженил во 1988 година. Неговата втора сопруга починала во 2008 година.

Федералните обвинители навеле неколку наводни закани што Робертсон им ги упатувал на политичарите.

„Време е за претседателски атентат или два. Прво Џо, а потоа Камала“, наводно напишал Робертсон на 19 септември 2022 година.

„Смрт за Џо Бајден“, наводно напишал тој во друга објава на социјалните мрежи на 23 септември 2022 година.

„Кога навистина би ви кажал што би сакал да му направам на Џо Бајден, Фејсбук ќе ме цензурира и ФБИ повторно ќе ме посети“, наводно напишал тој во друга објава.

Слични содржини