Колинда Грабар-Китаровиќ официјално стана членка на МОК

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ на денешниот состанок на Собранието на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) беше избрана за член на организацијата која го предводи Олимпиското движење, а таа беше предложена за оваа позиција од претседателот на МОК, Томас Бах, објави „Нова.рс“.

Во изјава за медиумите, Колинда истакна дека е горда на своето членство во МОК и дека тоа не само што е нејзин успех, туку успех на хрватскиот спорт и плод на одлични резултати во изминатиот период.

„Јас сум исклучително почестена што сум член на Меѓународниот олимписки комитет. Ова не е само мој приватен успех, туку признавање на сите успеси на хрватскиот спорт и одлични резултати на хрватските спортисти, кои ја претставуваат нашата земја во светот како нација на големи таленти и вредни луѓе, кои доследно ги промовираат принципите и вредностите на Олимпиското движење“, рече Колинда Грабар-Китаровиќ, која беше избрана со 86 гласа „за“ и три гласа „против“.

Таа, исто така, ја истакна важноста на спортот во борбата против предизвиците со кои се соочува светот во моментот.

Слични содржини