Колозова: Наместо против Макрон, да се свртиме на сопствена страна и да побараме најдобар можен протокол

од Nikola Popovski

Исполнувањето на протокол меѓу двете држави и спомнувањето на вредности како борба против говор на омраза се стандарден текст кој што мора да постои во документ со кој што Европскиот совет ве кани да почнете преговори со нив. Ве потсетува дека дел од тие темелни вредности е борбата против говорот на омраза. Ние можеме да ја наречеме празна форма, вели универзитетската професорка Катерина Колозова.

Според неа, протоколот врзан за Договорот за добрососедство е споменат како наша обврска, дека некакви протоколи се конкретни чекори на исполнувње на договорите.

-Потполно истото го пишува во протоколите од Преспанскиот договор. Во моментов има драфт-протокол, но тој не е потпишан. Францускиот предлог треба да се сфати така. Затоа ние наместо да се свртиме против Макрон, да се свритме на сопствената страна и да побараме најдобар можен протокол за нас, вели Колозова во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини