Комбе со мигранти предизвика тешка сообраќајка во Струмица, повредени три лица

од Берта Китинска

Комбе со кочански таблички, управувано од возач од Кочани, во кое се превезувале поголем број мигранти, денеска во 11:50 часот предизвика тешка сообраќајка на крстосницата на улиците „Младинска“ и „Браќа Минкови“ во Струмица.
Повредени се три лица.

– Тројца мигранти се донесени во болницата. Од нив, еден е сопотешки, а двајцата со полесни повреди. Потешко повредениот сеподготвува за влез во операциона сала, изјави за МИА, директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.

Според очевидци, комбето се движело со голема брзина и удрило во три возила, од кои две биле паркирани. По несреќата, дел од мигрантите побегнале од местото на сообраќајката.

Слични содржини