Комеморација во чест на Катерина Крстева

од Nikola Popovski

РСМ НУ Македонски народен театар соопшти дека на 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит.

„Во спомен на Кате – актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа“, соопштија од МНТ.

Големата македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, која меѓу народот беше позната како Мара Попара која почина вчера на 85 годишна возраст.

Слични содржини