Контактите на Мицкоски не и завршиле работа на Владата за набавка на гас

од Destan Jonuzi

Владата на Северна Македонија деновиве треба да објави од каде и по која цена ќе набави природен гас од први ноември. Досега само две фирми доставиле сериозни понуди, велат за „Локално“ владини извори, без да откријат подетални информации.

Изворот вели дека не станува збор за фирмите кои како контакт ги посочи лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– „Пегео” е името на швајцарската фирма со која министерот за економија Крешник Бектеши преговараше во Белград, по препорака на Мицкоски, но конкретна понуда досега не доставиле. Министерот Бектеши имал состаноци со двајца државјани на Република Србија и Босна Херцеговина кој што имат фирма регистрирано во Швајцарија и која што информирале дека може да се обиде да обезбеди руски гас. На средбата владината делегација им ги објаснил условите согласно законските акти, банкарски гаранци, потребни количини, испорака, брифираат владините извори за „Локално“.

„Пегео“ до македонската страна доставил еден договор кој не предвидува правни обврски,нема цена и во кој не се ставени количините кој што државата ги побарала за периодот 1 ноември 2022 година до 30 април 2023 година.

Д.Ј.

Слични содржини