Конте: Ја разбирам ситуацијата на Кејн, но тој е основата на нашиот проект

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ја разбира вознемиреноста на Хари Кејн поради недостигот на трофеи за клубот, но рече дека напаѓачот е клучен дел од јадрото што ќе донесе успех во иднина. Кејн летото беше поврзуван со можен трансфер во Манчестер Сити, но Конте увери дека е задоволен од посветеноста која играчот ја покажува во моментов.

Италијанецот смета дека клубот направил добар избор со тоа што го задржал напаѓачот во составот. Последен трофеј за Тотенхем е оној од Лига куп турнирот во Англија во 2008 година. „Свесен сум за ситуацијата во летото. Кога Хари остана во Тотенхем, најдов играч кој живее со актуелниот проект. Ако сакаме да изградиме победничка структура, Хари мора да биде почетната точка“, изјави Антонио Конте.

„Ја разбирам ситуацијата со него. Кога ќе ја завршите кариерата, можете да видите колку пати сте играле за некој тим, но во исто време е добро да видите што сте освоиле. Ова е важно, особено за врвните играчи“, додаде Конте. „Мислам дека кога ме привлече Тотенхем сакаа да испратат сигнал до сите останати, но и до нашите играчи“, изјави италијанскиот стручњак.

Слични содржини