Коњуфца со предлог: Косово да не аплицира за Интерпол

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, побара на седницата на владата да се разгледа неуспехот на Косово за членство во Интерпол оваа година.

„Според внатрешната анализа од страна на министерството што јас го претставувам, ситуацијата не е премногу оптимистичка во однос на претходните години“, рече Коњуфца.

Според него, Косово би го имал истиот резултат, ако се пријави и оваа година.

Тој рече дека е подобро да се поднесе апликација следната година.

„Следната година е многу поповолна за нас заради тоа каде се одржува, во Турција, каде што може да се завршат повеќе работи, затоа што наследивме сериозна ситуација и имаше неуспех во гласањето за членството на Косово во Интерпол. Ми се чини дека на 1 или 2 март, ќе го решиме овој проблем. Дотогаш, ќе мора да ги известиме надлежните институции дека Косово нема да поднесе барање годинава “, рече Коњуфча.

Тој смета дека неуспесите не се добри за Косово.

Премиерот на Косово, Албин Курти рече дека итно ќе го реши проблемот.

Слични содржини