Корона хаос низ Европа: Вонредна состојба во Чешка, Париз ги затвора кафулињата

од Берта Китинска

Цела Европа повторно се бори со зголемување на бројот на заразени со Ковид 19.

Франција и Велика Британија соборија рекорди кога станува збор за бројот на пациенти на дневна основа, а Чешка воведе вонредна состојба. Мадрид повторно е блокиран, а најновите вести се дека и Париз ќе ги затвори кафулињата.

Обединето Кралство

Највисоката стапка на смртност во Европа е моментално во Велика Британија. Во саботата, во таа земја беа потврдени 12.872 случаи, што е повеќе од двојно повеќе од просекот од седум дена. Во неделата ги имаше повеќе од 7.000.

Иако властите го обвинија „техничкиот проблем“ со скокот, бидејќи тие беа додадени на бројот и заразени од претходната недела, премиерот Борис Џонсон рече дека „ова може да биде многу тешка зима за сите“.

Франција

Франција во неделата пријавила 12.565 случаи на коронавирус. Градот Марсеј минатата недела веќе ги затвори баровите и рестораните.

Во Франција, нивото на предупредување скока кога локалната стапка на инфекција надминува 250 на 100.000 луѓе и најмалку 30 проценти од креветите за интензивна нега се резервирани за пациенти заразени со ковид-19.

– Овие мерки, неопходни во борбата за сузбивање на ширењето на вирусот, ќе бидат применети на Париз и трите области кои директно го опкружуваат, за период од две недели – објави Кабинетот на премиерот.

Ресторани и бистри кои служат храна и алкохол можат да останат отворени се додека регистрираат контакт со клиенти и ги затвораат вратите во 22 часот.

На 26 септември, Марсеј ги затвори сите барови, ресторани и спортски сали за две недели. Музеите, театрите и кината исто така ќе бидат затворени, освен ако не презентираат строги мерки.

Само во саботата, пријавени се скоро 17.000 случаи во Франција, а владата вели дека не сака да воведе блокада на национално ниво.

Шпанија

Главниот град на Шпанија, Мадрид, исто така е блокиран. Три милиони луѓе сега не можат да патуваат надвор од градот, освен кога тоа е апсолутно потребно. Кафулињата и рестораните не можат да служат по 20 часот и е забрането да се собираат повеќе од шест лица.

Стапката на инфекција е 700 случаи на 100.000 жители.

Чешка

Воведена е вонредна состојба во Чешка, бидејќи владата не успева да се справи со епидемијата. Новите мерки се во сила и ќе важат две недели, вклучително и затворање на средни училишта и ограничување на рестораните и баровите на шест клиенти по маса. Основните училишта ќе останат отворени.

Во последните две недели, Чешка има најголем скок во нови случаи на 100 000 жители во Европа по Шпанија, и е четврта по бројот на смртни случаи.

Полска

Во саботата, во Полска се регистрирани 2.367 случаи на коронавирус, со што се рушат рекорди три последователни дена.

Вчера, бројот на пациенти беше малку помал, но оваа земја ја надмина бројката од 100.000 заразени.

Австрија

Во Австрија, во саботата е забележан нов рекорден број на новоинфицирани лица, достигнувајќи 1058, што е втора најголема бројка од избувнувањето на епидемијата на вирусот корона во таа земја. Имено, само на 26 март, кога беа преземени најригорозните мерки, беа регистрирани уште седум заразени лица.

Романија

И во Романија се случи драстичен скок на бројот на пациенти во изминатите неколку дена. За викендот, таа бројка е скоро 4.000.

Слични содржини