Короната не попушта: 26 лица го загубија животот

од Nikola Popovski

Од Министерството за здравство соопштија дека во последните 24 часа, пријавени се вкупно 26 починати лица од коронавирус.

По градови, билансот е: 8 од Скопје (52г,59г,63г,66г,71г,77г,80г и 83г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по 1 починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.

Слични содржини