Коронавирус: Не ги пуштајте мачките надвор, советуваат ветеринарите

од Stefanija Kuzmanovska

Ветеринарите препорачуваат сопствениците на мачки да не ги пуштаат своите миленичиња за да спречат ширење на коронавирусот.

Но, британското здружение за ветеринарство вели дека „сопствениците не треба да се грижат“ дека нивните миленици ќе бидат заразени.

„Нема извештаи за куче или мачка дека заразил човек со КОВИД-19“, вели д-р Анхел Алмедрос, од Универзитетот во Хонг Конг, за БиБиСи Њуз.

Истражувањата покажаа дека мачките можат да заразат други мачки со вирусот.

За да не се ризикува вирусот да се пренесува од рацете на сопственикот до крзно, претседателот на британското ветеринарно здружение (БВА), Даниел Дос Сантос ги повикува сопствениците да преземат „разумни мерки на претпазливост“.

„Одржувајте ја хигиената на рацете, чувајте ги мачките во куќата“, рече таа.

„Избегнувајте непотребен контакт со миленичињата како гушкање и не дозволувајте им да го лижат вашето лице; исто така не допирајте ги кучињата на другите луѓе додека пешачите“.

Во истражувањето на оваа тема, д-р Анхел Алмендрос посочува на случајот со 17-годишно куче во Хонг Конг, кое било заразено со КОВИД-19. Тоа, наводно, бил заразен од сопственикот.

„Но, иако добивавме позитивни резултати, животните не се разболеа“, рече тој.

„За време на претходното избувнување на Сарс-Ков вирусот во Хонг Конг во 2003 година, голем број на миленичиња се заразија, но ниту едно не се разболи, така што нема докази дека кучињата и мачките можат да се разболат или да заразуваат луѓе“.

Како се пренесува болеста од луѓето на животните?

Истражувањата покажаа дека мачките може да бидат почувствителни и можат да бидат заразени од капките што луѓето ги ослободуваат во воздухот кога кашлаат, киваат или издишуваат.

Случај на мачка позитивна на вирусот беше пријавен во Белгија една недела пред неговиот сопственик да има симптоми.

Кинеските научници спроведоа тестови за да потврдат дека заразените мачки го пренесуваат вирусот на други мачки.

„Интересните податоци од овој експеримент се дека мачките можат да се заразат, ова се потврдува со пример на заразен тигар од зоолошката градина во Њујорк“, вели професорот Брајан Чарлстон, директор на британскиот институт „Пирбрајт“, кој е специјалист за заразни болести.

„Докази за преносливост“ од луѓето на животни се собираат.

Исто така, постојат докази дека луѓето можат да пренесат респираторна инфекција на мајмуни, зајакнувајќи ја загриженоста дека загрозените животни, како што се горилата, можат да заразат со оваа болест.

„Знаеме дека вирусот не може да прескокне од животно на човечко суштество (на почетокот на криза), но тоа се случува затоа што луѓето ги јадат оние заразени животни“, вели професорот Чарлстон.

Нема докази дека животните можат да ја пренесат оваа болест на луѓето.

Тогаш зошто да не ги пуштаме мачките?

Британското здружение за ветеринари посочи дека секоја површина, вклучително и крзно од мачки, може да биде носител на вирусот некое време „ако миленичето е во контакт со некој што е болен“.

Оттука, препораката на ветеринарот да ги чува домашните миленици дома.

„Однесувајте се кон домашните миленици, како и со другите членови на домаќинството. Ако не се чувствувате добро, најдобро е да не им пристапувате“, вели д-р Алмендрос.

„Се надевам дека сопствениците на миленичиња ќе спијат подобро со правилен совет и информации. Знам дека не е лесно овие денови“, рече тој.

Слични содржини