Коронавирусот ги погодува само старите? Снагатор објави како болеста го уништила за шест недели (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Мајк Шулц (43) е медицински техничар од Сан Франциско кој на Инстаграм подели шокантни последици кои на него ги оставил коронавирусот.
„Мислев дека сум доволно млад и здрав и дека болеста нема да влијае на мене, но сега сакам на сите да им покажам дека не е така“, искрено проговори Мајк, кој се чувствувал непобедливо додека не завршил на респиратор, пишува Базфид.

Шулц од Сан Франциско допатувал во Бостон на 14 март за да го посети дечкото, а два дена подоцна завршил во болница. Парот една недела претходно бил во мајами на голем фестивал на плажа. Иако коронавирусот веќе стигнал во САД, на плажата немало никакви мерки за сузбивање на ширење на болеста.

„Знаевме за коронавирусот, но немаше изолации ниту луѓето држеа физичка дистанца. Мислевме дека само треба да миеме раце и да не го допираме лицето“, раскажува Шулц. Подоцна 38 посетители на фестивалот заболеле од коронавирус, а тројца починале.

Кога Мајк стигнал во Бостон, се чувствувал лошо, но немал зголемена температура. Два дена подоцна завршил во болница затоа што почнал да чуствува потешки симптоми. Имал температура повисока од 39 степени, тешкотии при дишење, а белите дробови му се полнеле со течност.

Првиот ден во болницата примил кислород на нос, а потоа добил и маска за кислород. Лекарите подоцна му препишале седативи и почнале да планираат интубација. Шулц на крај минал шест недели во болница од кои четири и пол недели на вентилатор, а многу видливите последици ги сподели на Инстаграм. Неговото сликовито предупредување кое сугерира дека на ризик се изложени дури и оние кои изгледаат најсилно.

Слични содржини