Косово: Петмесечно бебе заразено со коронавирус пренесено во Приштина

од Nikola Popovski

Меѓу заразените со коронавирус во Косово е и петмесечно бебе кое било пренесено во Приштина заради влошена здравствена состојба, пишува приштинска „Коха“.

Бебе од селото Топоница во општина Каменица денеска е испратено на лекување на Клиниката за инфективни болести во Приштина, јавуваат медиумите.

Во Топоница неодамна биле тестирани 11 лица од исто семејство за кои, како што потврдиле вчерашните резултати, се покажало дека се заразени со КОВИД-19, вклучително и петмесечно бебе.

Д-р Љатиф Суњај, кој е дел од Центарот за семејна медицина во Каменица, потврди за „Коха“ дека бебето било однесено на Клиниката за инфективни болести во Приштина на понатамошно лекување, откако нејзината состојба се влошила.

„Бебето имало дијареја и сува кашлица и го испративме на Клиниката за инфективни болести во Приштина за лекување. Нашиот персонал од Центарот за семејна медицина отиде во нивната куќа, го зеде петмесечното девојче и со возило на брзата помош, ја донесе во Приштина“, рече тој.

Слични содржини