Парламентот на Косово и оваа недела нема да се изјасни за уставните измени со кои ќе се овозможи формирање на Специјалниот суд за воени злосторства и покрај „заканата“ на премиерот Иса Мустафа дека „нема одмор без изгласување на судот“.

косовски парла

Дека ова точка нема да биде на дневен ред на седницата закажана за четврток, како што јави дописникот на МИА, потврди и потпретседателот на косовското Собрание Џавит Халити, кој раководел со одржаната седница на Претседателлството на Парламентот во отсуство на првиот парламентарец Кадри Весели.

По настојувањата на претставници на западните земји, премиерот Иса Мустафа и вицепремиерот и шеф на дипломатијата Хашим Тачи во неколку наврати изјавија дека пратениците нема да заминат на летен одмот додека „не го изгласаат“ Специјалниот суд.

Извори од партијата на Тачи минатата недела соопштија дека на средбата со неговата пратеничка група, тој убедил седум од „непослушните“ десет пратеници, да го поддржат формирањето судот.

При првото гласање уставните измени не ги добија потребните 80 гласови, бидејќи освен опозицијата, против гласаа и пратеници од редовите на владејачкото мнозинство./МИА

Слични содржини