Костадинов: Колку ова ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од тоа на Груевски?

од Nikola Popovski

Новиот градоначалник на Валандово, Перо Костадинов смета дека оставката на Зоран Заев е личен став и дека наредниот период ќе имаат убав простор пред нив.

-Пораката ја сфативме. Сметам дека периодот ќе покаже и лекцијата е прифатена. Убаво е што се менуваме. Пред 5 години, живеевме во режим, вели Костадинов во емисијата „Топ тема“ и додава дека Заев не треба да поднесе оставка.

Меѓу другото, Костадинов го праша градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, „колку е поразлично ова ВМРО-ДПМНЕ од партијата на Груевски?“, на што не доби конкретен одговор.

-Кај нас национализмот и националистичкиот фолклор за жал се користи за гол популизам. Навистина ми е жал што ние се случува ова“ кажа Костадинов, коментирајќи ги конститутивните седници на советите на кои се користи старото име на државата.

 

Слични содржини