Костадинов: Резолуцијата мора да биде согласно Уставот

од Берта Китинска

Резолуцијата мора да биде во согласност со Уставот, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов

-Би сакал да знам дали ВМРО-ДПМНЕ навистина сака и да се усвои самата резолуција таква каква што е или сака преку таквата резолуција да си тера дневна партиска политика. На крајот на денот во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ можат да си прават какви сакаат приказни, Парламентот е нешто друго. Во Парламентот треба да дебатираме, во Парламентот треба да одлучуваме. Република Северна Македонија самите преговори во рамки на ЕУ ги води согласно уставното име. Нашиот став е сосема јасен, текстот на резолуцијата таков каков што е, е прифатлив согласно Уставот, објасни Костадинов.

Тој додаде дека се отвара прашањето дали со таквото прифаќање на резолуцијата како што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе може да направиме штета на интеграцискиот процес на Република Северна Македонија, дали можеби конечно од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ќе се издигне над партиските интереси и ќе го прифати Преспанскиот.

-Да нема дилеми, јасен е ставот на владејачкото мнозинство, јасен е ставот на СДСМ. Преговори и разговори за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик ниту имало, ниту има, ниту во иднина ќе има. Како пратеник зборувам од мое лично име до вчера, јас лично ја немав правно формално добиено резолуцијата, кога ќе ја видиме резолуцијата во рамки на координација како пратеничка група ќе разговараме и ќе видиме каков ќе биде настапот како колектив. Лично сметам, став на партијата е дека е прифатлив текстот на резолуцијата таков каков што е согласно Уставот, тука да нема дилема, вели Костадинов.

Слични содржини