Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска

од Hristina Nikolovska

Според последните јавно објавени информаци, на повидок е нов скандал, нова афера, поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за послендите претседателски избори. – рече денеска на прес конференција Костадин Костадинов, потпарол на СДСМ и пратеник.

Тој потенцираше дека како што е објавено и како што може да се потврди од Финансискиот извештај, ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.

-Согласно Изборниот законик (член 71) сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена. Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и потпсникот на сметката за овие избори, генералниот секретар Игор Јанушев, не го почитувале Изборнио законик.- рече Костадинов.

Костадинов ги повика надлежните институции да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста.

Слични содржини