Костадиновска-Стојчевска: До крај на октомври 21 икона ќе биде вратена во државата

од Nikola Popovski

„Се грижиме и за сè она што во текот на 2010-2014 година како движно културно богатство беше изнесено надвор од границите на нашата држава. За две недели заедно со премиерот Ковачевски ќе одиме 21 икона да си вратиме назад, а после тоа уште повеќе од 20 икони, украдени од нашите цркви“, најави синоќа министерката за култура и потпретседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска на трибината со наслов „Култура за сите, културата над сè“.

Таа додаде дека со одговорно работење и здрави политики успеале да вратат уште многу такви уметнички дела да вратиме уште многу такви артефакти и дека тоа се прави во последните пет години бидејќи како што кажа министерката, никој досега не гледал во тоа личен интерес и оставија иконите да седат во депо, во магацин, да се уништат.

„И покрај наративот на опозицијата дека оваа министерка за култура не знае што прави, сакам да ве уверам дека многу добро знаеме и јас и целата Влада што правиме во делот на културата, дека сум дел од Влада која многу добро знае како да се вложува во културата и дека ми е чест што сум дел од партија која знае како треба да се промовира културата, посочи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека за СДСМ културата е нас се над сите поделби.

За културата на ВМРО-ДПМНЕ, Костадиновска Стојчевска кажа дека е симбол на скандалозни и криминални проекти како Скопје 2014, и направи разлика со политики на СДСМ кои како што кажа го впишуваа главниот град и целата држава во европската мапа на културата.

„Го лажат народот и манипулираат со националните чувства на Македонците дека ЕУ ќе ни го одземе идентитетот, јазикот и културата, додека ние го впишуваме главниот град и целата држава во европската мапа на културата“, посочи потпретседателката на СДСМ Костадиновска-Стојчевска, пред гостиварчани во Националната установа Центар за култура АСНОМ.

Слични содржини