Костовски: Дел од родителите ослободени од плаќање партиципација во градинките

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски попладнево информираше дека e изгласана одлука со која родителите корисници на социјална помош и самохраните родители, се ослободуваат од плаќање партиципација во градинките.

-Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемите сметки и зголемените трошоци за живот Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат на најзагрозените фамилии. Ова е уште една мерка од низата социјални мерки со која се помага на родителите, извести Костовски.

Градоначалникот додава дека со низа проекти ќе се обиде да ги ублажи ефектите од огромната финансиска криза.

Слични содржини