Костовски имаше одличен статус – на државата ѝ треба обединување, порача премиерот

од Nikola Popovski

Одличен статус. Еве на пример јас и директорот на ДПИ и јас и министерот за економија сме обединети, особено во фронтот за европска иднина на државата, изјави премиерот на Владата, Димитар Ковачевски за објавата на социјалните мрежи на пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.

Според него, тоа е сосема соодветно бидејќи, како што вели, на нашата држава и на европскиот фронт му треба обединување, затоа што пред нас се одлуки кои што ќе обезбедат европска интеграција на државата.

-И ние обединето посетивме една исклучителна одговорна компанија и заедно работиме за европска интеграција на државата, рече премиерот при посетата на компанијата „Горска“ откако беше запрашан дали има недоразбирања и несогласувања во редовите на неговата партија.

Претходно, Костовски преку објава на социјалните мрежи побара единство во својата матична партија.

-Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг. Време е за помирување и обединување, напиша тој на Фејсбук.

Слични содржини