Костовски: Мицкоски треба да знае дека европската агенда е и македонска

од Nikola Popovski

Од СДСМ порачуваат дека со своите последни изјави лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски како да ја оправдува досегашната блокада од Бугарија. Како што велат, Мицкоски под заложништво на Димитар Апасиев прави сè за да ја оддалечи државата од ЕУ.

Мицкоски треба да знае дека нема европска и македонска агенда, европската агенда е и македонска агенда, стратешка определба на огромното мнозинство македонски граѓани. Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ, работи и против македонскиот јазик во ЕУ, работи против повисок економски стандард, пристап до нови фондови и повеќе можности за граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.

Како што истакна Костовски, „уставните измени се последната шанса, Мицкоски и ДПМНЕ да се престројат на страната на интересите на граѓаните и државата и да докажат дека навистина се за членство на државата во ЕУ“.

Вчера Комисијата за уставни прашања во Собранието со 10 за 7 гласа прифати Бугарите и уште пет националности да бидат вклучени во основниот закон на државата. Условот за Бугарите е еден од задолжителните за Скопје да ги продолжи преговорите за влез во Европската унија. Комисијата изгласа два заклучоци – да се пристапи кон измена на уставот поднесен од Владата на Република Северна Македонија и да се подготви нацрт-амандманите на Уставот. Пленарната седница на Собранието на која уставните измени ќе се најдат пред пратениците е закажана за 18-ти август.

Слични содржини