Костовски: Нема да има ново вето, ова е најдобриот договор што Македонија можеше да го добие

од Nikola Popovski

Нема да добиеме подобар договор, ова е апсолутно најдобриот договор што Македонија можеше да го добие. Затоа повторувам ова е историска шанса која не смееме да ја испуштиме, рече пратеникот Мартин Костовски во своето обраќање на собраниската Комисија за уставни прашања.

Пратеникот е дециден дека нема да има ново вето.

Тоа го искажаа претставниците на ЕУ, но и на Бугарија. Очекуваат да се исполнат обврските од преговарачка рамка, а потоа сите прашања со Бугарија се билатерални и обврска меѓу нас и Бугарија. Тие нема да влијаат на евроинтеграциите, истакна Костовски.

Меѓу другото истакна и дека Бугарија како и секоја друга земјка-членка на ЕУ може да искаже незадоволство или загриженост за одредени реформи, но тоа нема да се однесува на билатералните прашања.

Лесно е со лаги да зборуваш за бугаризација, а да не гласаш за заклучоци за преговарачка рамка каде е заштитен целосно македонскиот јазик. Со прст да не мрднеш, а не пак да лобираш или поздравиш тоа што германскиот бундестаг донесе резолуција за македонскиот јазик, идентитет и култура, изјави Костовски од говорницата во салата „Борис Трајковски“.

Слични содржини