Костовски: За да бидете кадар на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада треба да бидете близок пријател на Мицкоски, да бидете реликт од структурите на Груевски или да имате рачиња во медот

од Nikola Popovski

„Оваа генерација на политичари од СДСМ воопшто не калкулираше со сопствениот рејтинг, со егоцентричноста во делот дали ќе ја задржам функцијата, што ќе биде, како ќе биде. Донесовме стратешки битни историски одлуки. Која кадровска понуда ја даде ВМРО-ДПМНЕ од градоначалници? Чесни ликови од ДПМНЕ… Градоначалник на Карбинци набавил старо возило за 25 илјади евра. Велес за тракторче потрошил 40 илјади евра. Ако сакате да бидете во техничка влада со ДУИ како што прифати ДПМНЕ треба да бидете близок пријател на Христијан Мицкоски, да бидете реликт од структурите на Никола Груевски или да имате рачиња во медот. Тоа се кадровските понуди што ги даде во техничката влада“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски во неговото гостување емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

Тој додаде дека воопшто ДПМНЕ не спомнала во однос на одговорноста поврзана со нивните планови за европските интеграции.

„Заради лични фрустрации во вашето раководство и штитењето на вашите фотељи правите голема кочница на Македонија за да можат да влезат милиони евра од европските фондови. Ќе ве победиме и ќе останете со Карбинци и со рацете во медот“, заклучи Костовски.

Слични содржини