Ковачевски: Македонија преговара со ЕУ, а не со Бугарија

од Radmila Tasevska

По најавата на вето од бугарскиот претседател Румен Радев за Македонија, премиерот Димитар Ковачевски на ова одговори дека Македонија преговара со ЕУ, а не со Бугарија.

„Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка, преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе влезат во уставот на нашиот сосед. Тие се уште не се впишани и преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето“, рече Радев.

Премиерот Димитар Ковачевски, вели дека по досегашниот тек на скринингот, Македонија во еден од патоказите ќе потврди дека правата на малцинстгвата во земјава се на многу повисоко ниво од многу земји членки на ЕУ.

„Имаме и закони за остварување на правата на помалите заедници . Имаме и министерство за овие прашања. Затоа, сметам дека барањето на кој било политичар не претставува никаков проблем бидејќи правата што ги имаат сите подединци и групи се на повисоко ниво од многу земји членки на ЕУ. Буарија не би ја коментгирал затоа што се наоѓа во избори и оттаму се даваат најразлилни изјави заради политички поени. Нека им завршат изборите па ќе разговараме. Но, ние со Бугарија не преговараме, туку со Брисел“, изјави Ковачевски.

Слични содржини