Ковачевски на прием кај градоначалникот на Виена

од Vladimir Zorba

Ми беше чест да присуствувам на срдечниот прием организиран од страна на градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг. Пријателски продискутиравме за важноста од функионални урбани средини, развиена градска патна инфраструктура и транспортни системи, нешто што беспрекорно функционира во австриската престолнина, сподели на својот Фејсбук профил премиерот на земјава Димитар Ковачевски.

Евроинтегративниот процес на Северна Македонија ќе има придобивки како за државата, така и за севкупниот локален и регионален развој на земјата. Затоа треба да ги искористиме достапните фондови за модернизирање на градовите и на сите општини во интерес на граѓаните. Сетоа тоа значи развој и на севкупната економија,додаде тој.

Слични содржини