Ковачевски: Нашите институции можат да спроведат демократски избори на кои што гласачите ќе можат да ја изразат слободно својата гласачка волја

ние во нашата држава имаме безбедносни служби кои што на дневно ниво соработуваат со партнерските земји членки на НАТО вклучително и на највисоко ниво со безбедносните служби на САД

од Бети Божиноска

„Нашите институции се изградени на врвно демократско ниво. Нашите институции јас сум убеден дека можат да спроведат и се способни да спроведат демократски избори на кои што гласачите ќе можат да изразат слободно својата гласачка волја. И тоа ќе случи на 24 април и на 8 мај. Во однос на влијанието на негативните ефекти, ние во нашата држава имаме безбедносни служби кои што на дневно ниво соработуваат со партнерските земји членки на НАТО вклучително и на највисоко ниво со безбедносните служби на САД“ изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју на „Алсат“.

Тој смета дека тие имаат капацитет да се справат со било какви предизвици од овој аспект.

„Инаку во текот на кампањата, кога зборуваме за реторика ние ќе се изнаслушаме многу и за Русија и за Америка и за Северна, Јужна Кореја и за многу други. Но сметам дека Северна Македонија како земја членка на НАТО има капацитет, граѓаните исто така изградија свесност дека живеат во земја членка на НАТО, најголемата безбедносна одбранбена организација во светот“, заклучи Ковачевски.

Слични содржини