Ковачевски: Од О’Брајан слушнавме за кого не треба да се гласа

од Vladimir Zorba

„Кој лаже и кому не може да му се верува слушнавме најубаво вчера од помошникот државен секретар на Америка и од кого ни кола не треба да се купи и за кого не треба ни да се гласа“ рече премиерот Димитар Ковачевски во Собранието на седницата за пратенички прашања.

Одговорот на премиерот се однесуваше на изјавата на помошник-државниот секретар на САД, Џејмс О’Брајан за „360 степени“, кој рече дека граѓаните се паметни да знаат да проценат некој кој се обидува да ги изммами со подобри понуди кои не постојат.

„Се движите кон изборен период. Знаеме дека се е тешко во таков период. Нема да коментирам дали работите ќе се случат сега или подоцна, но јасно е дека има понуда на маса. Некој може да каже дека ќе дојде со подобра понуда. Но, ако не ви каже за што точно станува збор и не ви каже зошто другите би ја прифатиле, само се обидува да ве измами. И се надевам дека гласачите се попаметни од тоа“ рече О’Брајан.

Слични содржини