Ковачевски разговарал со Касами: Владата ги ставила сите институции на располагање за справување со пожарот

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски информира дека попладнево имал телефонски разговор со градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами и му ставил до знаење дека Владата ги ставила на располагање сите институции во системот за заштита и спасување за справување со пожарот во поранешната фабрика во Тетово.

-Остануваме во отворена комуникација за сите дополнителни мерки што ќе се укажат како неопходни во зависност од состојбата на теренот. Се придружувам на неговиот апел и ги повикувам сите граѓани на Тетово и на околните места да се придржуваат до препораките за лична заштита, посочи Ковачевски.

Голем пожар избувна утрово во поранешната фабрика „Македонија табак“ во Тетово, додека пожарникарите се уште работат на негово гаснење.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов пред новинарите потврди дека тројца пожарникари се хоспитализирани поради вдишување чад.

Полицијата го ограничи движењето кон во градот, а училиштата ја прекинаа наставата.

Слични содржини