Ковачевски: Со Бошњаците како рамноправен народ заеднички ја развиваме државата

од Vladimir Zorba

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вечерва присуствуваше и говореше на настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците.

„Граѓаните Бошњаци, како рамноправен народ во Република Северна Македонија, се вткаени во нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна држава и се дел од сите прогресивни процеси низ коишто правиме пат на нашето заедничко подобро денес, во нашето заедничко уште подобро утре.

Тоа ве прави достоиствени граѓани, кои си ја сакаат својата држава низ дела, како дел од прогресивните сили во нашето општество. И за овој придонес на граѓаните од бошњачката етничка заедница, во името на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, изразувам искрена благодарност и почит.

Нека ви е среќен празникот, 28 септември – Меѓународиот ден на Бошњаците, како датум кога во 1993 година во Сараево е вратено националното име Бошњак.

Да продолжиме заедно да го градиме успешниот концепт „Едно општество за сите”, бидејки нашето заедништво е нашето традиционално богатство и нашата заедничка сила кон посакуваниот напредок како луѓе и како држава“, изјави Ковачевски.

Слични содржини