Ковачевски во иднина ќе го заземе столчето на Заев во регионалната иницијатива „Отворен Балкан“

од Берта Китинска

Разговарав со наследникот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски, и тој ми посочи пример за еден негов роднина, која работел за германска фирма во Краљево, кому ние моравме секој месец да му издаваме пет разни дозволи, да го малтретираме човекот…Тоа веќе нема да биде. Ако имате работна дозвола во Краљево и во Белград, со тоа ќе имате работна дозвола да работите и во Скопје и во Тирана. Со тоа завршивме и со бирократските препреки – изјави Вучиќ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на прес-конференцијата во Тирана, по состанокот на Отворен Балкан.

Тој му се обрати на премиерот Заев, изразувајќи му благодарност.

– Тебе многу ти благодарам за сѐ, на огромниот труд, иако знам дека утре официјално поднесуваш оставка, сакам да ти се заблогадарам за сѐ што направи и за пријателството меѓу Србија и Северна Македонија, за трите земји, на што работеше и градеше, и да му посакам добредојде на господинот Ковачевски – изјави Вучиќ, најавувајќи нов самит на Отворен Балкан во мај или во јуни во Белград.

Чувајте го и развивајте го Отворен Балкан, порача Заве во својот говор.

Кога ЕУ потфрла ние имаме обврска постојано да преземаме иницијативи што го европеизираат регионот. Европеизацијата и европските стандарди нема зошто да чекаат. Правиме крупни чекори за европеизација на нашиот регион. Кога со Вучиќ и Рама ја создававме визијата за „Отворен Балкан” се согласивме да не надвладее евроспкептицизам поради неуспехот на ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Тирана по состанокот на иницијативата „Отворен Балкан”.

Заев рече дека Брисел може да одлучи и да ги забави очекувањата, но европеизацијата и европските стандарди во Србија, Албанија и Северна Македонија, нема зошто да чекаат или да бидат забавувани.

Премиерот додаде дека „Отворен Балкан” како ново и силно регионално поврзување, доби силна и едногласна поддршка од деловните заедници и стопанските комори на нашите три земји што се согласија дека „Отворен Балкан” е платформата која му е потребна на регионот.

– Во последниот ден од мојот ангажман како премиер на Северна Македонија, огромни се и честа и задволството што уште еднаш директно учествувам и придонесувам во остварување на иницијативата Отворен Балкан. На почетокот јас и моите колеги, другари и браќа Вучиќ и Рама, нагласивме дека Отворен Балкан е заеднички проект создаден за добробит на целиот регион отворен за сите земји од регионот, рече Заев.

Тој посочи дека ова иницијатива за него има лична вредност.

-Нашите народи, македонскиот, албанскиот и српскиот народ, како и народите од другите земји од регионот, имаат ист пат. Имаме иста визија и исти вредности, тоа се европските вредности. Одиме заедно напред, поврзани. Драг Еди, драг Александар, Отворен Балкан не само што нѐ зближи како лидери на три соседни земји, туку за мене има и лична вредност, а тоа е огромното пријателство со вас двајцата. Чувајте го и развивајте го Отворен Балкан, рече Заев.

Идниот премиер, Димитар Ковачевски, во иднина ќе го заземе столчето на Заев во регионалната иницијатива. Следната средба на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе биде во февруари 2022 година.

Слични содржини