Ковачевски: Застојот на проширувањето на ЕУ создава нестабилност за регионот

од Берта Китинска

Северна Македонија соодветно се усогласи со надворешната и безбедноста политика на ЕУ затоа што ние ги споделуваме истите вредности со ЕУ и со земјите од НАТО. Потенцирав дека проширувањето на ЕУ во суштина станува безбедносна политика и дека застојот во овој процес создава дополнителна нестабилност за регионот затоа што има неколку негативни тенденции, создава простор за влијание од трети страни, кажа премиерот Димитар Ковачевски од Софија на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков, како и премиерите на Романија – Николае Чука и на Црна Гора – Здравко Кривокапиќ, кои како шефови на влади на НАТО-земјите од Југоисточна Европа зборуваа за безбедносните стратегии во контекст на руската воена инвазија со ЕУ.

-Одложувањето на пристапниот процес кон ЕУ за земјите од регионот создава дилеми што може да резултираат со намалување на довербата кај граѓаните во ЕУ. Сепак, дури и со вакви предизвици Македонија останува силно посветена на одржување на добрососедски односи и промовирање соработка меѓу земјите од нашиот регион,рече Ковачевски.

Слични содржини