Крај на уште еден бизнис за Меган Маркл, раскинат договор со Spotify

од Stefanija Kuzmanovska

Поткаст денес е она што беше ток-шоу на телевизија: многу познати личности сакаат да имаат свој проект за поткаст, а уште повеќе познати личности гостуваат во различни формати, раскажувајќи свои приказни за успехот, растењето, визиите за иднината и слично. Домаќин на многу успешниот поткаст „Archetypes“ беше и Меган Маркл, но овој проект може да се стави и во фиоката „периодично хоби“, барем за некое време.

Меган и оваа година беше домаќин на Парис Хилтон во поткастот, а со разговорот се обидоа да го уништат митот за глупавите млади девојки во бизнисот и да покажат дека медиумите секогаш наоѓаат начин да создадат слика за позната личност, дури и ако тоа е целосна лага.

И покрај тоа што Archetypes се многу успешни на врвот на најстримуваните топ листи на Spotify, втора сезона нема да се случи. Барем не на Spotify!

Принцот Хари и Меган Маркл ја прекинаа соработката со Spotify само три години откако потпишаа договор вреден 20 милиони долари, наводно со заедничка согласност. Дополнително, извор откри дека парот не создал доволно содржина за да ја добие целосната исплата од повеќе милиони долари.

Сепак, се чини дека парот може да се предомисли доколку добијат подобра понуда од друга компанија која покажува интерес.

„Меган продолжува да развива повеќе содржини за публиката Archetypes на друга платформа“, изјави портпаролката на Archewell Productions за The Wall Street Journal.

Иако Хари и Меган сè уште не се изјаснија на оваа тема, Хари уживаше на воен спортски настан оваа недела, но Меган не беше наоколу.

Слични содржини