„Кралица“: Анџелина Џоли направи голема промена во нејзиниот изглед (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Анџелина Џоли одлучила да направи голема промена кога е во прашање нејзиниот изглед, па значително ја осветлила својата темно кафеава коса и станала русокоса.

Актерката се појави на настан на кој го промовираше својот нов бренд Atelier Jolie како дел од брендот Chloe. Таа носеше црн тесен топ фустан, кој уште повеќе ја истакна нејзината коса. Забележливо е дека ја скратила косата, а со минилано шминка и праска кармин уште повеќе се истакнуваат нејзините руси прамени.

„Убава жена“, „Не старее“, „Кралица“, „Едноставно најубава“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Анџелина имаше руса коса во 90-тите, а потоа во годините што следеа негуваше кафени нијанси и не отстапуваше од класичниот изглед.

Слични содржини