Кралот се врати и ЛУТ Е: Исфрлање фанови од салата, рекорд на сезоната и вресок за крај (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Враќањето на Леброн Џејмс по меч суспензија помина во голем стил. Имено, најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс во драматичен натпревар го предводеше својот тим до победа над Индијана 124:116, постигнувајќи рекордни 39 поени оваа сезона, од кои дури 12 постигна во дополнителните пет минути.

Но, тоа не беше се од Леброн Џејмс во фантастичниот меч. Тој со прст покажа кон двајцата навивачи во првиот ред, кои според неговите тврдења се однесувале непристојно и упатувале пцовки, по што беа отстранети од салата.

Исто така, на една од последните тројки, а тоа беа поени од тешка ситуација, Џејмс реши да го извади целиот стрес од себе, па врескаше.

И јасно е дека такво нешто му беше неопходно по се што се случуваше претходните вечери на паркетот во НБА, кога Џејмс ја скрши аркадата на Ајзеа Стјуарт во дуелот помеѓу Лејкерс и Детроит, а младиот кошаркар на Пистонс потоа го бркаше за физички да се пресмета.

Веднаш беа исфрлени од игра и суспендирани, при што „истепаниот“ Стјуарт доби два меча, а Џејмс, веројатно поради реномето што го ужива во САД, беше „награден“ со еден меч за „ладење“.

И Кралот се врати во голем стил.

На крајот, тој беше активен и на социјалните мрежи.

„Ја сакам оваа игра“, напиша Леброн кратко и јасно со снимка од споменатата тројка.

Слични содржини