Крамп-Каренбауер: КФОР е исто толку важен денес, како што беше пред 20 години

од Vladimir Zorba

Германскиот министер за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер ги посети војниците на германскиот контингент на КФОР во Приштина.

„КФОР е исто толку важен колку што беше пред 20 години за Косово и регионот“, напиша Крамп-Каренбауер на Твитер.

Германскиот министер за одбрана им се заблагодари на војниците за ангажманот, за кој рече дека е особено тежок за време на претстојните Божиќни празници.

Командантот на КФОР, генерал-мајор Микеле Ризи, ја пренесе благодарноста на германската министерка за нејзиниот придонес во Бундесверот КФОР за поддршка на безбедноста и стабилноста во Косово.

Крамп-Каренбауер претходно престојуваше во Загреб , а од Приштина заминува во Авганистан.

Слични содржини