Кривична пријава против скопјанец, злоупотребил лични податоци на поранешната сопруга

од Radmila Tasevska

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П. (40) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Како што соопшти МВР, на 22 септември 2023 година без согласност од неговата поранешна сопруга ги злоупотребил нејзините лични податоци и на Фејсбук профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина.

Злоупотребил и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци, со што ги направил јавно достапни.

Слични содржини