Кривичниот суд одлучи: Една и пол година затвор за дадилката што лани тепаше дете во игротека

од Stefanija Kuzmanovska

Дадилката што лани тепаше дете во игротека во трговскиот центар „Капитол“ во Аеродром, доби една и пол година казна затвор.

Оваа одлука ја донел Кривичниот суд откако дадилката ја признала вината.

Сега предметот по жалба е во Апелацискиот суд кој ќе треба да одлучи дали оваа казна ќе остане иста или ќе се промени.

Обвинителството поднесе обвинение за дадилката откако видеото, на кое се гледаше како го тепа детето, беше јавно објавено.

Слични содржини