Кризата доаѓа: Продажбата на автомобили го активира црвениот аларм во Европа

од desk2

Неколку автомобилски компании забележаа двоцифрен пад на продажбата, а на европските пазари има најголем пад.

Според најновите податоци од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) падот на продажбата на европските пазари во август изнесувал 8,6 отсто.

Продажбата во земјите членки на ЕУ и Европската асоцијација за слободна трговија достигна бројка од само 1,07 милиони автомобили.

„Најзаслужен“ за падот е Nissan со пад од неверојатни 48%, како и Renault кој забележа минус од 38%.

Лошо помина и Fiat со пад од 26%, а не е за потценување и падот од 14% на Volkswagen. Во концернот VW позитивно помина само Škoda со плус од 5,4%. Seat падна само 1%, додека Porsche дури 18%.

Меѓу премиум брендовите најлоша продажба имаше Jaguar, со пад од 21%. Интересно е што Audi и BMW паднаа за 9,1%, односно 8,4%, додека Mercedes е еден од ретките автомобилски гиганти во плус, и тоа со значајни 13%.

Ни азиските брендови не поминаа подобро. Toyota падна за 1%, Hyundai 2%, а Kia 3%. Концернот PSA исто така нема со што да се пофали. Citroen е „во црвено“ со 8,1%, Opel 6,9%, а Peugeot 3,4%. Луксузниот DS е во минус од 26%.

Гледано по земји, најголем пад има во Шпанија (31%), по неа следи Франција со минус од 14%. Пад имаше и во Италија и тоа нешто повеќе од 3%.

Двете најголеми стопанства во Европа – Германија и Велика Британија – имаат пад од 1 односно 1,6%.

Сѐ на сѐ, Европа е во минус од 3,2%, а кога ќе почне да опаѓа автомобилската индустрија, тоа е еден од знаците за намалена потрошувачка моќ на населението, односно, се активираат првите аларми за финансиска криза.

Слични содржини